Полициски службеници од СВР Куманово синоќа во 22.15 часот ги лишиле од слобода С.М. (45) од Штип и С.С. (45) од Куманово.
Како што информира МВР, лицата биле затекнати при обид да одземат материјали од објект во изградба на улицата „Доктор Рибар“ во Куманово.
Двете лица биле приведени во полициска станица и против нив ќе следуваат соодветни пријави.
kanal5.mk