Во белградската населба Остружница, на реката Сава, во текот на ноќта се случи несреќа кога брод со 600 тони песок удри и оштети неколку кампинг куќи на левиот брег на реката.
Несреќата се случила околу 19 часот и 40 минути, пишува нова.рс.
Веднаш била повикана полиција и надлежни за речна пловидба, а потоа било утврдено дека за среќа нема повредени, но дека е причинета материјална штета.
Според Нова.рс, оштетени се три сплавови.
Утврдено е и дека капетанот на бродот имал алкохол во крвта од 2,5 промили, а морнарот 1,9 промили. Исто така, во истрагата е забележано дека моторот не работи и дека сидрото е неисправно.
Истрагата се уште е во тек.
извор: nova.rs