Учебната година нема да заврши на 10, туку на 14 јуни

Учебната година, наместо на 10 јуни ќе трае до 14 јуни. Оваа одлука ја донесе Министерството за образование поради одложениот почеток на второто полугодие.

Претходно, Владата донесе одлука второто полугодие да почне на 23 јануари, наместо на 18 јануари со објаснување дека така ќе се заштеди на греење и заштита на здравјето на учениците.

Според календарот за работа во образованието, до крајот на учебната година треба да се одработат 180 наставни денови, што значи второто полугодие ќе трае четири дена повеќе.

фото: Архива