Во пожар во Струмица загина едно лице

0
267

Едно лице загина во пожар што избувнал синоќа по 20 часот во ќуќа на улица „Пиринска” број 26 во Струмица. Според информациите од ТППЕ Струмица, загинатиот во пожарот е член на семејството кое живеело во куќата и засега се непознати причините за трагедијата.

-Пожарот е пријавен во 20:16, а во гаснењето учествуваа три против пожарни возила и 9 пожарникари. Пожарот е ликвидиран за еден час, но за жал во него има загинато едно лице, информираше командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев.

 

skopskoeho.mk