Селена Гомез има ново момче, излегува со член на популарното диџејско дуо

Американската пејачка Селена Гомез наводно има ново момче, музичарот Ендрју Тагарт.

 

Според Us Weekly, 30-годишната пејачка и 33-годишниот член на The Chainsmokers сакаат да ја задржат својата романса „случајна и подалеку од очите на јавноста“. Излегуваат по клубови, се забавуваат, а Селена не може да се одвои од него, открил извор.

 

Познатиот диџеј неодамна раскина со 24-годишната Ив Џобс, најмладата ќерка на Стив Џобс, а нивното раскинување беше „целосно пријателско“, велат извори. Музичарот претходно беше поврзуван и со моделите Шантел Џефрис, Мередит Микелсон и Хејли Роу.

Не се знае многу за љубовниот живот на Селена по раскинувањето со Џастин Бибер во март 2018 година, а пејачката е поврзана со пејачот Чарли Пат и поранешниот член на One Direction, Ниал Хоран.

 

index.hr