Ковачески за Водици во Охрид – ќе има специјални мерки за обезбедување

Премиерот Димитар Ковачески утре на одбележувањето на верскиот празник Водици ќе присуствува во Охрид. Агендата предвидува Премиерот да присуствува на богослужба во црквата Света Богородица Каменско, а потоа да присуствува и на осветувањето на водите на Охридско Езеро и фрлањето на крстот на градоското пристаниште.

Во СВР Охрид вчера се одржал состанок со претставници на Петтата управа, на која биле изнесени детали околу тоа какви мерки за безбедност ќе се спроведуваат при посетата на Ковачески и неговиот п рестој во црквата и пристаништето. Какви мерки на безбедност се планира да се превземат граѓаните ќе видат утре.