Не сакав да го потпишам решението за вработување на Бени Шаќири и затоа ме сменија од функцијата директор, изјави за „Република“ Ванчо Богоев, сега веќе разрешниот директор на Младински културен центар (МКЦ).
Програмскиот колегиум на МКЦ испрати соопштение до медиумите во кое вели дека МКЦ повторно е на мета на партиски мегдан и соопштува дека институцијата добила нов в.д. директор, Никола Алексов, дипломиран детектив, кој е примен пред два дена преку Агенција за привремени вработувања во МКЦ без никакво искуство и позадина во културна институција.
Богоев во разговор за „Република“ објаснува дека бил под неверојатен притисок од генералниот секретар на Град Скопје Зоран Глигоров.
-Тоа беа вербални притисоци, навреди од генералниот секретар на Град Скопје. Тој инсистираше да потпишам вработување на Шаќири, но јас не подлегнав на притистоците. На институцијата не и беше потребен кадар од типот на Шаќири. Потпишав друго решение, преку Агенцијата за приверемни вработувања, за Никола Алексов, бидејќи ни беше потребено да има вработен на таа позиција. Колегата си замина во пензија и поради тоа го потпишав решението. Не знаев дека тој ќе биде новиот в.д директор на МКЦ, вели Богоев.
Текстот во целост на: „Република“
фото: Архива