Продолжен притворот за пратеничката на Европскиот парламент, Ева Каили

0
204

Барањето за ослободување на поранешната потпретседателка на Европскиот парламент (ЕП), Ева Каили, која беше уапсена поради обвиненија за корупција, беше одбиено вчера, јавува Агенција Анадолија (АА).

Белгиското федерално обвинителство соопшти дека мерката притвор на Каили ќе биде продолжена.

Адвокатот на Каили, Михалис Димитракопулос, по рочиштето изјави дека неговата клиентка е невина.

Каили, грчката пратеничка во Европскиот парламент (ЕП), е осомничена во еден од најголемите корупциски скандали во ЕУ. Таа е осомничена дека е платена од Катар за да лобира за интересите на таа држава од Персискиот Залив.

Каили има право на жалба на одлуката во рок од 24 часа.

Димитракопулос тврди дека Каили не можела да спие бидејќи било забрането и дека била оставена во ладна просторија без палто или второ ќебе, како и дека не ѝ било дозволено да се искапе.

„Сево ова е тортура“, рече тој.

Каили првично се појави пред судија на 22 декември, а по прелиминарното рочиште одлучено е притворот да се продолжи за еден месец. Нејзините адвокати побараа таа да биде ослободена од електронските лисици на претходната постапка.

Катар ги отфрли сите обиди да се поврзе со обвиненијата во случајот Каили.

извор:Агенција Анадолија (АА).

фото:Агенција Анадолија (АА).