Телма:Туфекџиќ „ Истрагата за кафеанската тепачка која прерасна во дипломатски скандал е целосно компромитирана“

0
369

Истрагата за кафеанската тепачка која прерасна во дипломатски скандал е целосно компромитирана со изјавите на политичарите, а преседан е начинот на кој кој 22 годишиот Христијан Пендиков, секретар на бугарскиот клуб Цар Борис Трети од Охрид е изнесен од државата, вели адвокатот и поранешен судија Владимир Туфегџиќ. Пендиков е учесник во постапката , па додека се расчистува случајот и се прибирата докази, потребно е надлежен обвинител да даде согласност за лицето да ја напушти државата, објави Телма.

-Факт е дека начинот на кој сето тоа е направено, со целосно игнорирање на македонските правосудни власти, е опасен преседан бидејќи се работи за активна истрага, која е веќе компромитирана со политичките изјави на политичките чинители На тој начин се отежнува работата на јавниот обвинител, вели Владимир Туфегиќ, адвокат.

Пендиков во организација на бугарските власти вчера беше транспортиран на лекување во Бугарија, иако, како што пренесоа бугарските медиуми, тешките телесни повреди од тепачката во кафуле во Охрид, не му предизвикаа живото загрозувачка состојба. Пред еден месец полицијата го фати со дрога и му поднесе кривична пријава, поради што и за овој случај е направен преседан затоа што ја напуштил државата.

Текстот во целост на: Телма.