Во стан во белградската населба Бежанијска Коса се пронајдени тела на две сестри од 76 и 78 години, јави српскиот Блиц.
Во станот биле пронајдени и траги од крв, а врз главата на една од убиените имало перница.
Станарите и управителот на зградата во која се случила трагедијата за весникот кажале дека се шокирани и згрозени од глетката во станот.
извор: Блиц