Маж полугол прошета низ снегот во центарот на Сараево

НЕПОЗНАТ маж утрово се прошетал во центарот на Сараево во снежна бура потполно бос, без кошула и во шорцеви.

 

Како што објави Klix.ba, се чини дека се работи за странски државјанин, а не се знае дали се работи за настап или оскудно облечениот маж едноставно решил да се разлади пешачејќи.

Граѓаните пријавиле дека маж полугол го обиколил речиси цел град.

 

Инаку, денеска е втор ден откако Сараево е под снег, а температурите таму се движат од -4 до 1 степен.

 

index.hr