Фокус: „Империјата“ се проширува и надградува, Камчев ќе гради нова болница и Медицински факултет

0
285

Една од последните бизнис-зделки на семејството Камчеви е надградба на болницата „Аџибадем-Систина“. Поточно, компанијата „Орка Холдинг“ преку аукција го купила земјиштето од фармацевтската компанија „Реплек“, кое се наоѓа во непосредна близина на приватната болница, објави ФОКУС.МК.

Според податоците од Катастарот на недвижности, се работи за 3 катастарски парцели лоцирани меѓу „Систина“ и „Реплек“ (889/24, 889/25 и 889/9), кои се во сопственост на друштвото „Кара“, чиј единствен сопственик, пак, е „Орка“.

Според Централниот регистар, како последен директор на „Орка“ фигурира Лилјана Гајдоска, чие име, исто така, можеше да се најде во случајот „Империја“, но и таа направи спогодба со Обвинителството.

Камчев во компанијата официјално фигурира до 2021 година, како неизвршен член на одборот директори, но повеќе не е во управувачките структури.

Информациите до кои дојде  ФОКУС.МК. говорат дека новата бизнис-зделка, која оди преку „Кара“, односно „Орка“, Камчеви ги чини 1,5 милион евра. Обезбедена е дозвола за градба од 40.000 квадратни метри, а, според првичните проценки, планирана е изградба на уште една болница „Мајка и дете“, како и на Медицински факултет.

Текстот во целост на: ФОКУС.МК.