Кривична пријава против правен субјект и охриѓанец – овозможил точење алкохол на малолетник

0
202

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 46 годишен охриѓанец и против правен субјект – угостителски објект со седиште во Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „точење алкохол на малолетници“. При контрола во угостителскиот објект, полициските службеници констатирале дека пријавениот, како одговорно лице, овозможил точење алкохол на малолетник од Охрид.

 

извор: СВР Охрид