Го соблече хиџабот и го освои Вог: Како арапска принцеза стана модна икона

САУДИСКАТА принцеза Дина Аљухани Абдулазиз (47) не сакала да ги следи строгите арапски правила, но се борела и успеала да го изгради животот што го сакала. Таа одби да носи хиџаб, а кршењето на шеријатскиот закон го оправда со „нејзиното право на избор“.

 

Студирала на неколку американски колеџи и станала принцеза откако се омажила за саудискиот султан бин Фахад бин Насер бин Абдулазиз кога имала 23 години.

 

Дина во едно интервју изјавила дека точно се сеќава на моментот кога решила животот да и го посвети на модата.

„Помогна тоа што ме воспита мајка која секогаш сакаше добро да се облекува. Ја сметам за своја прва муза. И затоа, кога имав шест години, британскиот моден магазин „Татлер“ дојде во моите раце. Си помислив: „О Боже мој, постои? Сакам да знам сè за тоа. Го проучував секое списание, бев желна за се што е поврзано со модата“, вели таа.

„Од крајот на шеесеттите, жените во Саудиска Арабија се грижат за модата и купуваат уникатни модни парчиња. Тие не зборуваат за тоа, не го покажуваат на другите, не се сликаат затоа што се смета за вулгарно. “, додаде таа еднаш за странските медиуми.

Љубовта кон модата ја однесе до местото уредник на арапскиот Вог, но таа позиција ја напушти само две години подоцна.

 

„Всушност, отсекогаш сакав да имам сопствена продавница за ексклузивна облека која сама ја избирам“, изјави Дина, што конечно се оствари. Таа отвори филијала во Ријад.

 

„Тоа е уникатен и посебен концепт на бутик. Тоа не е само место за купување, туку и за инспирација и едукација, или гледајќи ја нашата облека или гледајќи ги модните филмови што постојано ги објавуваме“, изјави таа еднаш за Vogue.

 

Дина е популарна и на Инстаграм, каде ја следат 114.000 луѓе.

 

index.hr