Николоски: Власта да каже кои се тие странски агентури и служби што работат на нарушување на односите помеѓу Македонија и Бугарија и да се провери финансирањето и потеклото на парите на тие здруженија и поединци

При денешната посета во Битола, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа што власта вели дека зад бугарските здруженија стојат агентури и многу пари истакна дека власта треба јасно да излезе и да каже кои се тие агентурни мрежи и странски служби кои што работат на нарушување на односите помеѓу Македонија и Бугарија, да се провери финансирањето на тие здруженија и на поединци за да се види потеклото на парите и од каде тие пари доаѓаат.

„Па ова е добра тема особено тука во Битола имајќи предвид дека провокациите почнаа токму од Битола, мислам дека односот на власта кој што е однос на постојано попуштање и постојано виткање на кичмата го доживеа своето фијаско и се удри во ѕид со последните случувања во Бугарија се покажа дека таа политика на постојани попуштања носи само порази за Македонија, и се виде дека секогаш кога има политички потреби во Бугарија Македонија влегува во криза, како што е оваа последна криза во односите со Бугарија во таа насока самите претставници на власта кажаа дека се работи за луѓе кои што се здруженија позади кои што стои агентура и нелегално финансирање јас минатата недела точно во недела, побарав да се дадат неколку одговори од кои што првиот одговор е власта треба јасно да излезе и да каже кои се тие агентурни мрежи и странски служби кои што работат на нарушување на односите помеѓу Македонија и Бугарија и за истото да поднесат детален извештај во јавноста, со што јавноста би била запознаена. Втората работа е да се провери финансирањето на овие здруженија и на поединци да се види потеклото на парите и од каде тие пари доаѓаат. До денес немаме одговор на овие две барања како и барањето за спроведување на пресудите на Европскиот суд за човековите права, на поголема ажурност на македонските институции и на правата на Македонците во Албанија. На овие барања немаме одговори што само говори дека или блефираат или безбедносните служби не ја работат својата работа и затоа целата јавност сега е во грч што ќе се случи во сабота на 4 ти февруари кога гледаме дека бројни граѓани од Бугарија велат дека дури ќе бидат и придружувани  и аскортирани од полицијата како да се работи за високи вип гости а не за провокатори кои што доаѓаат на одбележување на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев. Јас се надевам дека ќе помине во мирна атмосфера, се надевам дека ќе помине достоинствено и тука од Битола сакам уште еднаш да ја обновам иницијативата која што ја дадовме а тоа е македонската влада да побара од грчката влада во Кукуш родниот град на Гоце Делчев да се изгради спомен куќа музеј на Гоце Делчев во кој што ќе биде претставен неговиот живот и животот на неговото семејство како родно место на Гоце Делчев, тоа е начинот на кој што може да се градат мостови меѓу државите и народите“ , нагласи Николоски.

извор: ВМРО ДПМНЕ