Пако Рабан, познатиот моден дизајнер, почина на 88-годишна возраст, објави„BBC„
Франциско Рабанеда Куерво, попознат под псевдонимот Пако Рабан, беше шпански моден дизајнер со баскиско потекло. Неговата смрт ја потврди и портпаролот на шпанската група „Пуиг“.
Пако Рабан е роден на 18 февруари 1934 година во баскискиот град Пасај, провинција Гипускоа. Неговиот татко, републикански полковник, бил погубен од трупите на Франко за време на шпанската граѓанска војна. Мајката на Рабан била главна шивачка во првата модна куќа на Кристобал Баленсијага во Доностија, Баскија.
Поради Шпанската граѓанска војна, тие се преселиле во Париз во 1937 година. Во средината на 1950-тите, додека студирал архитектура на „Ecole Nationale des Beaux-Arts“ во Париз, Рабан заработувал правејќи модни скици за Диор и Живанши и скици за чевли за Шарл Журдан, но подоцна се вработил во најголемиот француски производител на армирани бетон Огист Пер и таму работел повеќе од десет години.
Дизајнираше гардероба, накит и парфеми.
извор: „BBC„