Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ: Од 05:35ч. сообраќајот на автопатот Штип – Миладиновци во близина на „Три Чешми“ – СО Штип, е во прекин поради случена сообраќајна незгода со смртни последици.
Во прекин е сообраќајот на патот Скопје – Танушевци поточно од с.Бродец кон с.Танушевци поради големи наноси од снег и ветер.
ФРЕКВЕНЦИЈА : Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.