Маск сака да помогне: „Подготвен сум да активирам сателит над Турција за да најдам преживеани“

Вселенската компанија SpaceX на Илон Маск е подготвена да ги активира сателитите наречени Starlink за да помогне во пронаоѓањето на преживеани во Турција и Сирија.

По катастрофалниот земјотрес што предизвика уништување во 10 провинции во Турција, професорот од Јеил Мехмет Емин Адин се огласи на Твитер за да го праша милијардерот Илон Маск дали може да помогне:

 

„Голем земјотрес ја погоди Турција и нејзините соседни земји. Има сериозни комуникациски празнини. Дали имате шанса да помогнете со вашите сателити Starlink?“, праша тој.

 

Милијардерот и сопственик на вселенската компанија SpaceX одговори дека е подготвен да помогне

 

„Турската влада сè уште не го одобри Starlink. Можеме да го испратиме веднаш штом ќе биде одобрен“, напиша тој на својот профил.

 

danas.hr