Од под урнатините спасен маж 59 часа по земјотресите во Турција

Уште едно лице е спасено од под урнатините во турскиот град Адијаман, 59 часа по разорните земјотреси кои во понеделникот ги погодија јужните регии на Туркије, известува „Анадолу“.

Бројни спасувачки екипи продолжуваат со акции на потрага и спасување во регионите погодени од разорните земјотреси.

Спасувачите денеска слушнаа глас од под урнатините на зграда во Адијаман и вложувајќи огромни напори, успеаја да го спасат 36-годишниот Селахатин Каја.

Каја по спасувањето е префрлен во болница.

извор: „Анадолу“.

фото: „Анадолу“.