Спасувачките тимови продолжуваат со потрагата по преживеани во урнатините по разорните земјотреси што ја погодија турско-сириската граница.
Бројот на загинати постојано се зголемува и сега се искачи на повеќе од 17.000.
An eight-year-old girl was pulled alive from the rubble in Türkiye’s earthquake-hit Kahramanmaras province.
"How did you get in the house" was one of the first questions she asked rescuers#TurkiyeQuakes pic.twitter.com/Qk7eZUpHAh
— TRT World (@trtworld) February 9, 2023
Постојано се споделуваат потресни видеа од спасувачките акции. Едно од нив е спасувањето на осумгодишното девојче Зубејда, кое беше извлечено од урнатините во турскиот регион Кахраманмарас, три дена од разорниот земјотрес.
– Како влеговте во куќата – ги праша девојчето Зубејда членовите на спасувачката екипа.
– Преку прозорецот. Ги видовме прозорците и почувствувавме прекрасен мирис од куќата и помисливме дека Зубејда мора да биде таму. Знаеш дека игравме криенка? Па, сега те најдов – ѝ рекол еден спасувач.
„Издржи, душо, наскоро ќе заврши“, му рекол спасувачот на малото девојче додека го вадел од под урнатините.
видео: ТРТ