Речиси 20 милиони евра за ПЦР тестови на приватно потрошиле граѓаните – утврдил ревизорот

За три години македонските граѓани потрошиле речиси 20 милиони евра за да направат ПЦР тестови за во време на пандемијата, утврдил државниот завод за ревизија при „чешлањето “ на сметките на Фондот за здравство. Ревизорите изразиле мислење со резерва за вистинитост на финансиските извештаи на Фондот за 2021 година. Клучните системски слабости се не ажурирана Листа на лекови кои паѓаат на товар на Фондот, како неодржливост на 106 од вкупно 116 јавни здравствени установи поради реализирани помалку услуги за договорените пари. Тоа значи дека само 10 болници во земјава биле финансиски одржливи.

Радио Слободна Европа во своето истражување утврди дека македонските болници, клиники и здравствени домови заклучно со декември 2021 година имале долг од 97 милиони евра. Поради долговите многу сметки на болниците и клиниките во тој период беа блокирани, и дека извршители чекаат на ред за наплата на долгови.

Текстот во целост на: Радио Слободна Европа