Скопјанец се обидел да убие сограѓанин на паркинг во Аеродром

28-годишен скопјанец се здобил со повреда, откако претходно бил застрелан со пиштол на паркинг во Аеродром.

– СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.А.(28) од Скопје, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“, информира МВР.

Како што соопшти МВР, на 04.09.2022 на паркинг простор на булевар „Јане Сандански“ пријавениот, по претходна расправија со Н.М.(28), испукал со пиштол кон Н.М., нанесувајќи му повреда.

 

skopjeinfo.mk