Најмалку 29.605 луѓе загинаа во земјотресите што ја потресоа Турција

Најмалку 29.605 луѓе загинаа во двата разорни земјотреси што ги потресоа јужните региони на Туркије во понеделникот, соопшти турската Агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД), известува Анадолу.

Два разорни земјотреси, првиот со интензитет од 7,7 степени по Рихтер, во понеделникот наутро во 4:17 часот по локално време, со епицентар во округот Пазарџик, и вториот во 13:24 часот, со интензитет од 7,6 степени по Рихтер, со епицентар во местото Елбистан, ги потресоа јужните делови на Туркије. Епицентрите на земјотресите се регистрирани во турската област Кахраманмараш.

Според податоците на АФАД, повеќе од 233.000 луѓе се вклучени во акциите за претрага и спасување на теренот.

„Околу 148.000 луѓе досега се евакуирани од регионите погодени од земјотресите“, соопшти АФАД.

Турскиот Парламент во четвртокот одобри тримесечна вонредна состојба за да ги забрза напорите за помош и да го одржи јавниот ред.

Во овие земјотреси што силно ги потресоа и северните делови на Сирија, животот го загубија најмалку 3.574 лица, а над 5.200 се повредени.

извор:Анадолу.

фото:Анадолу.