Турција денеска по втор пат ја погоди нов силен земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала, кај Малатија, јавуваат турските медиуми.
Засега нема информации дали има нови штети или на која длабочина се случил земјотресот.
Малатја е еден од градовите погодени од катастрофалниот земјотрес од минатиот понеделник, јави Танјуг.
Претходно денеска Турција беше погодена од нов земјотрес со јачина од 4,5 степени, на длабочина од два километри, североисточно од градот Челихан, во провинцијата Адијаман.
извор: Танјуг.