Албански државјанин извршил тешка кражба во Струга – одзел накит и други предмети

ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.Р.(29) од Пеќин, Република Албанија, поради постоење основано сомнение за сторени 2 кривични дела „тешка кражба“. Тој, на 09.02.2023, кога илегално престојувал во Струга, со подесен алат и физичка сила, насилно влегол во две куќи во Струга од каде противправно одзел накит и други предмети.

извор: СВР Охрид