Поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“, ОВР Струга поднесе кривична пријава против 20 годишен жител од струшкото село Велешта. При претрес, извршен по судска наредба во неговиот дом, полициски службеници пронашле 4 куршуми боева муниција со различен калибар што неовластено ги поседувал.
извор: СВР Охрид