Турција: Еден човек е спасен од под урнатините на зграда 183 часа по земјотресот

Спасувачките тимови го извлекле Хусеин Бербер од под урнатините на зградата неверојатни 183 часа по разорните земјотреси што ги погодија јужните региони на Турција, јавува Анадолија.

 

Два разорни земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтеровата скала ги погодија во понеделник јужните делови на Турција со епицентар во Кахраманмарас, а бројни спасувачки тимови се уште ревносно работат на пребарување и спасување на луѓето затрупани во урнатините на зградите.

 

Успешна спасувачка акција е спроведена осмиот ден по земјотресот во центарот на Антакија во Хатај, каде спасувачите прво го лоцирале повредениот, а потоа го извлекле од под урнатините на зградата.

 

Спасувачите го предале спасениот Бербер на екипа на Брза помош, која му укажала прва помош, а потоа го однеле во болница.

 

aa.com.tr