Силјановска: Во владејачката коалиција има раскол, тие не говореле пред граѓаните за влез на Бугарите во Устав, затоа треба да одат на избори

Мислам дека и во оваа коалиција, тоа го потврди Демократски сојуз има раскол, тврдам дека и меѓу пратениците на СДСМ има различни мислења по ова што се случува, не сите се послушни, бидејќи ова нема врска со социјалдемократија, рече професорката Гордана Силјановска Давкова, која е и пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во Тема на денот во централниот Дневник на телевизија Сител.
Силјановска рече дека денешната расправа почнала многу лошо и оти од односот кон опозицијата ќе зависи дали коалицијата предводена од ВМРО – ДПМНЕ ќе биде на гласање на новиот кабинет на Владата.

Според Силјановска обвинувања за денешното негласање за Фронтекс и воопшто ситуацијата околу тоа што се создаде е многу смешна.

„Едноставно е ние сакавме да видиме дали власта има мнозинство, штом имаше мнозинство ние влеговме и се вклучивме во работа на Собранието. . А за тоа кој е во ЕУ, ВМРО-ДПМНЕ преку своите пријатели ЕПП управува со ЕУ“, посочи Силјановска.
Силјановска се осврна и за уставните измени.

„Ако оваа власт склучила Договор за пријателство, а ние се соочуваме со бизарно непријателство, ако Бугарија е потписник на Рамковната конвенција за малцинствата, ако има 16 пресуди на Судот тогаш како да ја толкувам изјавата на Радев кој бара мониторинг на остварување на правата на малцинство на Бугарија во Македонија, сите слушнавме дека не постои системска дискриминација во Македонија, но постои во Бугарија и се случува и деновиве. Во нашиот Устав има и други што значи се штитат и нивните права“, кажа Силјановска.

Таа укажа и на тоа дека секоја Влада и владејачко мнозинство има мандат за тоа за кое што партиите кои ја/го сочуваат излегле на избори.

„Оттука оваа влада нека повели на избори и нека ги праша граѓаните дали се да се внесат и Бугарите во Уставот“, заклучи Силјановска.

извор: ВМРО ДПМНЕ