Австралиските власти трагаат по тројца мажи кои пред две недели беа спасени од морето, пишува Би-би-си.
На 1 февруари, тројца мажи беа пронајдени во близина на островот Еклипс, 10 милји јужно од Олбани, Вашингтон, држејќи пренослив фрижидер и рекле на полицијата дека ловеле риба кога нивниот брод се превртел.
На почетокот полицијата ги пофали, па дури и излезе со официјално соопштение во кое ја истакна важноста од носење елеци за спасување и ламби за итни случаи.
Но, локалната полиција набрзо открила недоследности во приказната за триото и ја контактирала австралиската федерална полиција, која започнала истрага.
Шест дена откако мажите беа спасени, на плажа 34 милји западно од Олбани беше пронајден пакет завиткан во црна пластика со кокаин. Следниот ден бил откриен превртен брод за крстарење во чија кабина имало осум завиткани пакувања од кои во секоја имало околу 40 килограми кокаин.
Властите подоцна открија 365 килограми кокаин на најмалку две локации, а мажите сега се осомничени за вмешаност во меѓународна трговија со дрога.
Засега е уапсен Аристидес Авлонтис, а полицијата се уште трага по Мата Стипиновиќ (49) и Карл Витбурн (45), од кои едниот е регистриран сопственик на превртениот чамец. Се верува дека двајцата се кријат во Вашингтон.
„Оваа заплена се проценува дека и заштедила на заедницата повеќе од 235 милиони долари на штета поврзана со дрога, вклучително и поврзан криминал, здравствена заштита и изгубена продуктивност“, рече Грем Маршал од австралиската полиција.
24sata.hr