Плусинфо: Сака да биде избран за премиер на претседателски избори – Ковачевски ќе им понуди заеднички кандидат на Ахмети и на Таравари?

0
245

Иако на прв поглед делува дека власта е прилично загрижена за бројот на пратеници што ќе го напуштат бродот по партиските рокади напревени во рамките на владината реконструкција, сепак, најважната и најнова цел на премиерот Димитар Ковачевски е покрај себе да го има „светото тројство“ составено од СДСМ, ДУИ и од Алијанса за Албанците, а од кое наскоро очекува да изникне заеднички кандидат за претседател на државата, дознава Плусинфо од извори блиски на СДСМ, објави plusinfo.mk.

Во ситуација кога обезбедувањето двотретинско мнозинство во Собранието се претвора во невозможна мисија, а сѐ помали се шансите да се исполни и барањето на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за одржување предвремени парламентарни избори, посочуваат нашите соговорници, власта решава да сврти нова страница и да се концентрира на претседателските избори што треба да се одржат во 2024 година.

Стратегијата на премиерот Ковачевски, брифираат изворите, се состои од тоа под своја закрила да ги има двете најсилни политички партии од албанскиот блок, оставајќи ја опозициската ВМРО-ДПМНЕ без силен сојузник кога се во прашање албанските партии.

Текстот во целост на: plusinfo.mk.