Адвокатите најавија дека Боки 13 утре ќе презенетира мега судски скандал

0
196

Правниот тим на Бојан Јовановски познат како Боки 13 испрати писмо до повеќе медиуми во кое се најавува објавување на мега-скандал поврзан со кривичниот суд.

Во кусото соопштение се вели дека се работи за фалсификат за кој постои комплетна документација и докази!

-Утре на ден 17 февруари 2023 година ќе биде доставено соопштение за јавност од страна на Бојан Јовановски со прекари Боки 13, осуден во предметот „Рекет“, во кое за јавноста ќе биде обелоденет скандал од невидени размери за сторен фалсификат од страна на Основниот кривичен суд, во поткрепа на истото, а во прилог на соопштението ќе биде доставена комплетна документација и докази, се вели во соопштението од правниот тим на Бојан Јовановски.

фото: Архива