ВМРО ДПМНЕ: Тазе фирма на човек близок до Артан Груби добилa акредитација за баждарење на пумпи, дали за него два пати бил менуван тарифникот услуги

Додека народот осиромашува, луѓе блиски до функционерите на власта трупаат милиони и имоти.
Лица блиски до неформалниот премиер на владата артан Груби се најдобар доказ за тоа. Имено Ермир Имами вработен во туристичката агенција во сопственост на семејството Груби на 16.09.2021 формирал фирма Метролаб за баждарење на пиштолите за точење на гориво на бензински пумпи, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Во продолжение го пренесуваме истото во целост:

Оваа компанија после 4 месеци добива акредитација од страна на институциите за вршење на инспекција на мерила за зафатнина и проток на течни горива и течен нафтен гас – баждарење на пумпи.
Овој голем газда на компанија продолжил да работи во фирмата на семејството Груби непосредно до моментот додека не е донесена одлука за измената на висината и начинот на наплатување на надоместокот за услугите, одлука донесена од Бирото за метереологија каде што директор е кадарот на ДУИ, Мерита Мустафаи.
Дали Артан Груби влијаел врз Имами да формира компанија за баждарење, дали потоа влијаел оваа компанија да добие акредитација, дали потоа влијаел да се менува тарифникот на услуги во интерес на компанијата Метролаб?
Ова се прашањата кои Груби треба да ги одговори на јавноста. Ковачевски не го прашуваме бидејќи тој не смее да писне ништо на оваа тема.

извор: ВМРО ДПМНЕ