Момче (9) завршува средно училиште и се запишува на факултет, сака да стане астрофизичар

0
176

ИАКО има само 9 години, Дејвид Балогун од Пенсилванија наскоро ќе дипломира и ќе влезе на факултет.

 

„Завршив осмо одделение за два и пол месеци, а потоа почнав средно училиште“, изјави Дејвид за WHTM. Тој истакнува дека одењето на училиште на далечина му овозможило побрзо да напредува.

 

“Кога слушна за програмата STEM на седум години, почна да скока од радост. Му се допадна од првиот момент”, откри мајката на Дејвид, Роња Балогун.

Дејвид моментално ги истражува можностите за студирање, а најинтересни му се Универзитетот во Пенсилванија, Принстон и Харвард. Сепак, живеењето во кампусот не е опција за 9-годишно дете.

 

„Тоа е нешто за што мора сериозно да размислиме“, објасни таткото на Дејвид, Хенри Балогун.

 

Дејвид вели дека по факултетот би сакал да стане астрофизичар и да ги проучува црните дупки и суперновите.

 

index.hr