(ВИДЕО) Мобилен телефон спаси четиричлено семејство заробено под урнатините

Мобилен телефон спасил четири животи во турскиот град Малатија откако истиот бил фрлен од балконот за време на потресот во понеделникот рано утрото на 6 февруари.

Четиричлено семејство било заробено под урнатините, а еден од нив успеал да пристигне до балконот од каде го фрлил телефонот на улица, а истиот го земал потоа некој и се поврзал со нив преку повик.

Преживеаниот Илхами Екин (58) раскажува како со сопругата, двете ќерки и синот биле под урнатините додека чекале да бидат спасени поради телефонот кој го фрлиле и побарале помош.

За жал неговиот 18 годишен син не го преживеал потресот и Мухамед го загубил животот додека поради мобилниот телефон спасени биле останатите четири животи.

Тој раскажува кога се слушнале преку телефон со непознатиот човек од надвор му кажал дека сите наоколу се мртви и дека тој е жив со својата сопруга и трите деца.

https://www.youtube.com/watch?v=ohQfRL0wRA0
idol.mk