Бајден во Киев се состана со Зеленски

0
165

Американскиот претседател Џо Бајден, пред годишнината од руско-украинската војна, го посети Киев, при што се состана со украинскиот претседател Владимир Зеленски, пренесува Анадолу.

Бајден пред неговата посета на Полска неочекувано го посети украинскиот главен град Киев.

Според вестите на украинските медиуми, Бајден се состана со Зеленски во црквата Св. Михаел. Додека Бајден и Зеленски заедно ја напуштаа црквата, во градот истовремено се огласија сирените.

Зеленски на социјалните мрежи сподели фотографија во врска со посетата на Бајден.

„Бајден, добре дојдовте во Киев. Вашата посета е многу важен показател за поддршка за сите Украинци“, напиша Зеленски.

Според локалните медиуми, Бајден и Зеленски на плоштадот „Михајилов“ оддадоа почит на загинатите во војната.

Двајцата лидери се состанаа во палатата „Маријински“ при руското Претседателство, додека Бајден беше пречекан од страна на Зеленски и неговата сопруга, Олена Зеленска.

Инаку, руско-украинската војна започна на 24 февруари минатата година со инструкции на рускиот претседател Владимир Путин.

Претходно беше соопштено дека Бајден во периодот од 20 до 22 февруари ќе ја посети Полска.

извор:Анадолу.

фото:Анадолу.