(ФОТО) На ГП Богородица пронајдени 5,6 кг марихуана, сокриена во резервната гума од автомобилот со македонски регистарски таблички

Царинските службеници од царинската испостава Богородица на излез од државата открија и запленија 5,6 кг наркотична дрога #марихуана, сокриена во резервната гума од автомобилот со македонски регистарски таблички.
➡️Дрогата и возилото се привремено задржани, а од страна на инспекторите од Одделение за истраги од Царинската управа е спроведена истрага, по што до надлежното Основно јавно обвинителство – Гевгелија против две лица е поднесена кривична пријава. Дрогата е однесена во Министерството за внатрешни работи – Одделение за крим техника на вештачење.
➡️За едното лице е одредена мерка притвор во траење од 30 дена, а за другото лице безбедносна мерка задржување на патна исправа.

извор: царинска управа