ФЗО: Почна исплатата на платата на здравствените работници

0
266

Почна исплатата на платата на здравствените работници, соопшти денеска Фондот за здравствено осигурување.

Оттаму наведуваат дела исплатата ќе се врши постепено во етапи и се очекува да заврши во следните 48 часа.

„ФЗОРСМ ја известува јавноста дека од денеска започна со исплата на плата на вработените во Јавните здравствени установи, и дел од нив веќе ја имаат на своите сметки“, се вели во соопштението.

Инаку, пред две недели Фондот за здравство беше цел на сајбер напад по кој беше блокираше работата на Фондот кој ги има податоците на скоро сите граѓани во земјава- нивни осигуреници, при што ги остави без плати здравствените работници, ја запре исплатата на породилното и другите боледувања, направи огромни проблеми со земањето лекови, а во игра ги врати и хартиените обрасци.

Дел од здравствените работници организирани преку синдикатите денеска излегоа на протести за да ја побараат јануарската плата.

ФЗО во четвртокот побара сите јавни здравствени установи да достават податоци за вработените за да може да им се исплати плата.

Најави за протест дојдоа од докторите, сестрите, болничарите и останатиот медицински кадар од ГОБ „8 Септември“ и Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, како и од други здравствени организации низ земјава.

извор: slobodnaevropa.mk