Според информациите добиени од АФАД, се случил земјотрес со јачина од 6,4 степени, чиј епицентар бил Хатај Дефне. Додека земјотресот се почувствувал силно, граѓаните панично бегале, пренесе ИХА.
Од Европско-Медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ) известуваат дека земјотресот со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала се случил на длабочина од 10 километри.
Hatay#Turkey 🇹🇷 #Deprem pic.twitter.com/OVxzaRSnnp
— Aleph א (@no_itsmyturn) February 20, 2023
Епицентарот на земјотресот бил на 60 километри северно од сирискиот град Латакија и 30 километри јужно од турскиот град Белен.
Турските медиуми јавуваат дека по земјотресот со јачина од 6,4 степени, овој пат во областа Самандаг во Хатај во 20:07 часот по локално време се случи уште еден земјотрес со јачина од 5,8 степени. Длабочината на земјотресот со јачина од 5,8 е утврдена на 7 километри.
видео: Анадолија