Каевски: СДСМ го оствари ветувањето – просечна плата над 34.000 денари, година и пол пред предвидениот рок

0
162

СДСМ денеска оствари клучно ветувања од Програмата за парламентарните избори во 2020 година.

Државниот завод за статистика денеска објави дека просечната плата исплатена во декември 2022 година изнесува 34.364 денари, што за 14.8 отсто повеќе споредено со истиот месец од 2021 година.

Со ова, една и пол година порано од предвиденото се остварува ветувањето на СДСМ и коалицијата за просечна плата од 34.000 денари до крајот на мандатот, односно до јули 2024 година, истакна Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.
Во продолжение ја пренесуваме прес конференцијата во целост:

Преку одговорни и ефикасни економски политики и во време на светска економска криза успеавме да ги зачуваме работните места и да отвориме нови, а платите да растат постојано.

Минималната плата во март минатата година ја покачивме на 18.000 денари, а веќе во март оваа година таа ќе изнесува 20.200 денари, што е предвремено остварување на уште едно ветување на СДСМ за минимална плата од 20.000 денари до крајот на мандатот.

За СДСМ зборот останува збор, она што го ветуваме пред граѓаните, тоа го остваруваме.

Сето ова за нас е мотив да продолжиме со реализација на мерките и политиките во Програмата.

извор: СДСМ