Ученик уби наставник во Франција за време на часот

0
207

Ученик  (16) од средно училиште во францускиот град Сен-Жан-де-Луз со нож избодел професор по шпански јазик, пишува Би-би-си. Локалните медиуми јавија дека инцидентот се случил утрово во училница за време на настава. Студентот е уапсен.

Властите потврдија дека полицијата е на местото на настанот со локален обвинител. Обвинителот Џером Буриер потврди за АФП дека на професорката и била укажана помош на местото на несреќата, но таа починала од повредите.

 

Францускиот весник Sud Ouest објави дека напаѓачот влегол во училницата додека професорката по шпански одржувала лекција и ја нападнал. Францускиот министер за образование излезе на местото на настанот.

 

index.hr