ВРЕМЕПЛОВ -1967 Основана е Македонската Академија на Науките и Уметностите

0
124

303 Царот Диоклецијан наредил да се урне новоизградената црква во Никомедија, а следниот ден наредил да се уништат сите христјански храмови и списи во Римското Царство.

1905 Американскиот адвокат Пол Перси Харис во Чикаго го основа Ротари клубот.

1919 Бенито Мусолини ја формира Фашистичката партија на Италија.

1933 Јапонија ја почна окупацијата на Кина, северно од големиот кинески ѕид.

1941 Откриен е плутониумот.

1945 Втора светска војна: Американските трупи го зазедоа главниот град на Филипини, Манила, и им нанесоа тежок пораз на Јапонците. Генералот Макартур, кој командуваше со американската Осма армија, имаше посебни причини, за да им се одмаздува на Јапонците. Тој три години порано, се повлече пред јапонската наезда.

1945 Втора светска војна: Изведена е најголемата сојузничка воздушна офанзива. Околу шест илјади авиони нападнаа многу сообраќајни центри во Германија, од Хамбург и Хановер на запад до Берлин и Лајпциг на север. Притоа, на простор од околу 80.000 км. беа исфлени 14.000 бомби од по 250 килограми.

1947 Во Женева основана е Меѓународната организација за стандардизација (ISO).

1967 Основана е Македонската Академија на Науките и Уметностите.

1970 Британска Гвајана стекна независност.

1994 На падините на Шар Планина, во близина на Тетово, беа предадени во редовно производство четири мали хидроцентрали на водоснабдително-енергетскиот систем „Попова Шапка“.

1998 Шефовите на дипломатиите на Европската унија ја укинаа забраната за официјални контакти со Иран на високо ниво.

 

Од Википедија — слободната енциклопедија