(ВИДЕО) Извлечена жива 17 годишна девојка под урнатините во Турција

Чуда се случуваат во Турција. Алејна Олмез, девојка која има 17 години е спасена од урнатините 248 часа по разорните земјотреси што ги погодија јужна Турција и Сирија, јавува Анадолија. Девојката е извадена во населбата Кајабаси во Кахраманмарас.

Таа сега се наоѓа во болница во Анкара, а вчера ја посети турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и неговата сопруга Емине.

„Се борев, не сакав да се предадам. Сите ми даваа голема поддршка и ми помогнаа“, изјави Алејна.

Лекарот Џенгис Дилбер вели дека таа е добра иако долго време била под урнатиниѕе.

„Бевме изненадени што нејзините телесни функции се добри и што функцијата на бубрезите не е влошена. Тоа е неверојатна работа. Нејзината здравствена состојба е многу добра. Секако дека има трауми“, изјави Дилбер.

 

faktor.mk