По претходни добиени решенија од локалната самоуправа, екипите на Паркови и зеленило спроведоа активности за кроење на крошни од дрвја во Градскиот парк и во дворот на гимназијата Св.Климент Охридски
Со овие активности се врши припрема пред пролетната вегетација со цел крошните да добијат естетски изглед и да не пречат во движењето на пешаците и автомобилите, пишува во ФБ објавата од страна на градоначалникот Кирил Пецаков.