Активистката за заштита на животните Тина Мицковска објави тажна, но истовремено и шокантна вест и вознемирувачко фото!
Мирното куче Тоби е убиено од огнено оружје среде Карпош.
-Маалскиот миленик Тоби од Млечен, мирно куче кое сите таму го чуваа и хранеа, денеска за жал го пронајдоа УБИЕН И ПУКАН со ПУШКА спроти Сидро. Некој монструм се дрзнал насред Карпош да пука со пушка во најмирно куче НАСРЕД БЕЛ ДЕН, помеѓу 8:30 и 09:00 утрово. До кога ќе се дозволува вакви психопати да шетаат слободно? Пред некое време во близина беше пукано и во нашиот маалски миленик Џамбо и ништо чудно да се работи за истата будала што може утре да пука и во човек. Доколку некој има некакви информации, ве молам споделете да помогнеме на МВР побрзо да се пронајде, порача Мицковска.
Извини Тоби што живееше во суров свет, трчкај слободно сега горе, порача во својата објава Тина.
skopjeinfo.mk