Бронза за Дејан Георгиевски на „Бугарија опен“ од Г2 серијата

Дејан Георгиевски освои бронзен медал на Меѓународниот таеквондо турнир „Бугарија опен“ од светскаката серија Г2.

Георгиевски во полуфиналето требаше да се бори со стариот познаник Чеик Салах Сисе (БСК), но поради повреда Дејан не можеше даги одмери силите со Сисе.

„Бронза и нови поени за олимписка норма со две доминантни победи над Михопулос Сотирос од Грција и Харбар Андреј од Украина.

Дејан, за жал, не може да се бори во полуфинале поради незгодна повреда на десната шака, се надеваме дека не станува збор за скршеница.

Теквондо е фулконтактен боречки спорт во кој многу често се минува низ пеколни повреди, Дејан поминал премногу, и тоа го прави вистински шампион. Искрено се надеваме дека овој пат се ќе мине полесно !

Соколот денес се крена високо, ќе остане таму до следниот предизвик за две недели во Белгија“, напишаа на официјалната Фејсбук страницана Македонската таеквондо федерација.

извор: ФБ Македонска Tаеквондо Федерација