Запленети производи без документација во скопска Радуша

На 04.03.2023 во 18.30 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Рогачево при Регионалниот центар за гранични работи Север го лишиле од слобода Ј.Л.(29) од с.Блаце, скопско. Имено, на место викано „Радушки мост“, атар на с. Радуша, полициски службеници извршиле контрола во возило комбе „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, при што биле пронајдени повеќе производи без документација, а кои ги донел од Косово.
Со лицето бил извршен службен разговор во полициска станица, а за настанот бил запознаен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

извор: МВР