Во мафијашка пресметка, вечерва, најмалку две лица го загубија животот, а ранети се седум лица, во Шиша бар, на скопското Кале.
Од извори на местото на двојното убиство вечерва, Вечер.мк дознава дека се случило следново:
Четворица во црни униформи со панцирни елеци кои пристигнале со Ауди А6 влегле во локалот Шиша бар, се претставиле како полиција, се качиле на втор спрат и влегле во т.н. мониторинг сала каде пукале во неколку лица.
Но, во настанот учествувале повеќе лица кои биле во два автомобила.
По настанот, една група со аудито А6 се упатиле кон Шутка каде на улица Вашингтонска го запалиле возилото. Аудито, според информации од местото, по проверките, утврдено е дека имало фалсификувани регистарски табли со број SK 8870 BC.
И второто возило е запалено и најдено на обиколница.
Според информациите од терен, ранети се вкупно 7 лица, а најверојатно бројот на жртви се искачил на три лица.
Според првите информации убени се Јетон Кривањева викан Жила и Енес Исеинов викан Лаци.
Јетон Кривањева често се спомнуваше во медиумите како припадник на нарко кланот Дуќанџик-Грчец, близок до одредени раководни лица од ДУИ.
извор: Вечер.мк