ЦУК: Пријавена опасност од пукнато и искривено суво дрво во паркот „Жена – борец“ во центарот на Скопје

0
170
Денеска, по добиена пријава од граѓани, Центарот за управување со кризи ги извести ЈП „Паркови и зеленило“ и Град Скопје и побара итно отстранување на дрвото што е исушено, пукнато кај коренот и опасно навалено пред паѓање кај Градскиот трговски центар во паркот „Жена – борец“ во центарот на Скопје.
Одговорното лице од ЈП Паркови и зеленило извести дека нивна екипа веднаш ќе излезе на посочената локација и ќе пристапи кон отстранување на опасноста од неговата природна склоност на паѓање, а со тоа и отстранување на можноста на загрозување на животот и здравјето на минувачите низ паркот.
ЦУК ја следи ситуацијата за решавање на случајот преку Секторот за операции и координации и Регионалниот ЦУК Скопје, од каде што преку постојано дежурните оперативци и се решаваат ваквите и слични случаи според стандардните оперативни процедури, како и за секој пријавен случај или итна ситуација што не е во доменот на Полицијата, Противпожарната служба и Итната медицинска помош.