Отстратена опасноста од дрвото во „Жена-борец“

0
128
При координацијата со ЦУК, по пријавата од граѓани за опасноста од наваленото суво дрво, одговорното лице од ЈП „Паркови и зеленило“ извести дека нивна екипа од Секторот дрвореди, веднаш ќе излезе на посочената локација во паркот ,,Жена – борец” во Центар, Скопје, па ќе пристапи кон отстранување на опасноста од неговата природна склоност на паѓање, а со тоа и отстранување на можноста на загрозување на животот и здравјето на минувачите низ паркот. Tокму така беше и реализирано, речиси веднаш, конкретно до 12.30 часот денеска, во координација меѓу ЦУК, ЈП ,,Паркови и зеленило” и граѓаните кои пријавуваат опасност во ЦУК.