(ВИДЕО) Во терористичкиот напад во центарот на Тел Авив тројца се ранети, од кои еден критично

0
174

Три луѓе биле застрелани на улица во центарот на Тел Авив пред ресторан. Напаѓачот по пукањето побегнал и продолжил да пука во луѓето додека не бил убиен од полицијата.

 

Едно ранет е критично, пишува Тајмс оф Израел. Уште две лица се полесно ранети, пишува Jerusalem Post.

 

Полицијата соопшти дека пукањето го третира како терористички напад. Дел од медиумите јавуваат дека Хамас ја презел одговорноста.

Напаѓачот е идентификуван како 23-годишниот Мутаз Салах ал-Каваџа, Палестинец од градот Нилин на Западниот Брег, кој двапати бил затворен во Израел.

 

Тој немал дозвола за влез во Израел, пишува Тајмс оф Израел.

 

index.hr